Лабораторијата АстраЗенека и Русија објавија заеднички клинички испитувања во кои се комбинираат нивните две вакцини против коронавирус.
„Најавуваме програма за клиничко испитување за проценка на безбедноста и имуногеноста на комбинацијата на ASD1222, развиена од АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд и Спутник V, развиена од Институтот за истражување Гамалеја“, велат од филијала на АстраЗенека во Русија и прецизираат дека тестовите ќе бидат спроведени на лица над 18 години.
Двете вакцини, AZD1222 и Спутник V, користат човечки аденовируси како вектори.
AстраЗенека се надева дека комбинацијата на двете вакцини може да доведе до „подобар имунолошки одговор“.
Русија тврди дека вакцината Спутник V е ефикасна 95 проценти. Во моментов е во третата фаза на клинички испитувања на повеќе од 40.000 волонтери. Русија минатата недела започна со вакцинирање на населението.
АстраЗенека и Оксфорд соопштија дека нивната вакцина е ефикасна 70 проценти.