Тим од над 400 научници и експерти, меѓу кои и од Македонија, „заслужен“ за развој на новите иновативни тутунски производи

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

„Филип Морис Интернешнл (ФМИ) е лидер во иновации и истражување и е пионер во трансформацијата кон свет без чад. Компанијата во последниве 10 години има постигнато завиден успех благодарение на големите вложувања во развој и наука, но и на транспарентноста и отвореноста за соработка со научната заедница и регулаторните тела. Повеќе од 430 врвни научници, инженери и експерти се дел од големото семејство на Филип Морис, во кое не постои поделба на вредноста на помали или поголеми деловни единици, уште помалку на поделба на вработените според тоа од која земја или единица потекнуваат. Без разлика дали вработените се во Македонија, или во Германија, вредноста е иста. Во ФМИ се цени резултатот кој секоја единка го постигнува и тоа е единствен услов на напредување во кариерата во глобалните рамки на компанијата“. Ова го истакна Михаел Солтер, Генерален менаџер на Филип Морис ТКП, кој на неодамна одржаниот бизнис самит „Македонија 2025“, меѓу другото зборуваше и за науката која стои зад новите алтернативни производи на ФМИ и големата трансформација која се случува во тутунскиот гигант.

Најдобар доказ дека сечиј индивидуален придонес се цени е и македонскиот млад научник Д-р Филип Станковиќ кој веќе десет години работи на развој на нови производи во центарот за истражување и развој на Филип Морис во Нојшател, Швајцарија. По потекло од Скопје, по завршените студии, тој своето образование го продолжил во Америка, како добитник на Фулбрајтовата стипендија. Тоа му овозможило работа во Секторот за истражување и развој на Филип Морис на тема истражување на нови и иновативни производи.

„Д-р Станковиќ е пример дека во Филип Морис Интерншнал не е важно од каде доаѓа некој вработен, туку дека е важен квалитетот и придонесот кој тој го дава за целите на компанијата. Д-р Станковиќ е и пример како младите луѓе од Македонија може да придонесат за исклучителни позитивни промени кои би имале влијание во светски рамки“, заклучи Солтер.

Слични содржини