Залено светло за продолжување на кризната состојба, Спасовски вели дека дава ефекти

од Берта Китинска
285 прегледи

Кризната состојба ќе се продолжи и во наредните шест месеци односно до 30 јуни 2021 година. Собраниската Комисијата за одбрана и безбедност даде зелено светло за продолжување на предлог Владата заради справување со епидемијата од ковид-19. Сега предлог-одлуката ќе се достави до Собранието кое ќе треба истата да ја потврди.

На седницата присуствуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој рече  оваа состојба дава ефекти.

„Оваа кризна состојба во овој период од месец дена дава ефекти. Дали тие ефекти се доволни или не, тоа е веќе прашање на дискусија. Ако погледнете не само во нашата државата, туку во регионот, Европа и светот, период во кој се подготвувавме за ковид кризата имавме многу помали бројки и затоа ние говоревме, пред сè експертите во Комисијата за заразни болести укажуваа дека ќе дојде вториот бран, што ќе биде многу полош и за жал тоа ни се случува, но и на целиот свет“, изјави Спасовски.

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на 20 ноември. Потоа, по предлог на Групата за проценка во Центарот за управување со кризи (ЦУК) одлучи да побара од Собрание таа да биде продолжена за шест месеци.

Слични содржини