Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејан, вели дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе спаси животи и ги повика земјите-членки да се подготват за почетокот на вакцинацијата на своите граѓани.
„Ние исто така се грижиме за нашето соседство. ЕУ ќе ги координира донациите за вакцини од земјите-членки, кои првенствено ќе имаат за цел да ги заштитат здравствените работници во Западен Балкан и во нашето соседство“, рече Лејен, пренесе Танјуг
Фон дер Лејен вели дека ЕУ треба да работи „со полна брзина“ за да ја процени безбедноста на вакцините и да ги стави на располагање за граѓаните.
Таа очекува дека вакцината „Фајзер“ ќе биде одобрена, по проценката на Европската агенција за лекови, до крајот на годината, а вакцината на фармацевтската компанија „Модерна“ до средината на јануари.