Владата ја одобри предлог листата на 99 проекти во 75 општини за финансирање од дополнителни средства

331 прегледи

На денешната владина седница, 28. по ред, беше донесена одлуката ссо која се одобри предлог листата на 99 проекти во 75 општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедија со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

„Со оваа одлука се обезбедени 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациски мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините и што се прифатени со оваа одлука на Владата на Северна Македонија“, соопштија од Владата.

Исто така на оваа седница беше донесена и Одлука за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради КОВИД – 19 кризата.

Слични содржини