271
Од утре, па во текот на следните 7 дена ќе стартуваат можни прекини во достапноста за податоците врзани за мерењата на одредени загадувачки параметри, соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Од ресорното министерство исто така посочуваат дека причината е инсталација на нови мерни инструменти за мерење во Автоматските мерни станици за квалитет на амбиентен воздух.