Основана Фондација за правна заштита на Хашим Тачи

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Фондација за поддршка на правната одбрана на поранешниот претседател Хашим Тачи е основана на Косово, кој е обвинет пред Специјалниот суд во Хаг за воени и злосторства против човештвото.

Нејзините основачи, како што пренесува РТК, изјавиле дека фондацијата е основана според важечките закони, како поддршка на правната заштита на поранешниот претседател Тачи, со давање парична помош.

„Фондацијата ќе му обезбеди техничка и професионална помош на правниот тим во судењето, како и соработка со сите заинтересирани инстанци со цел да ги претстави вистината и историјата на војната, за слободата на претседателот Тачи и Ослободителната војска на Косово“, рекоа основачите.

Беше најавено дека Управниот одбор на Фондацијата во наредните денови подетално ќе ги презентира своите планови и приоритети пред јавноста.

Слични содржини