Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, вчера доби полициско обезбедување, соопшти „Вијести“.
Ова беше сторено само неколку дена откако полициската управа објави дека нивните службеници немаат информации дека е загрозена неговата или безбедноста на членовите на неговото семејство.
Според „Вијести“, петмина полицајци се задолжени за придружба на лидерот на Граѓанското движење УРА (ГП УРА), кој е назначен за заменик-премиер за координација на безбедносните служби.
Полициската управа не се огласи по тој повод за да објасни дали утврдиле дека Абазовиќ е во опасност.
Извор од „Вијести“ тврди дека на Абазовиќ му било дадено обезбедување врз основа на мислењето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Заменик претседателот на Владата не е заштитено лице, согласно Одлуката на Владата за назначување лица и објекти обезбедени од Полициската управа.
Полициската управа неодамна објави дека ќе преземе обемни мерки за да утврди дали безбедноста на тој политичар е загрозена од шефовите на криминалниот клан од регионот, откако ГП УРА објави дека според нивните наоди еден регионален криминален клан сака да го загрози животот на Абазовиќ.