371
Швајцарија ги замрзна банкарските сметки на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, по насилството што следеше по неговиот реизбор.
Лукашенко и неговиот син Виктор се меѓу 15-те лица забранети за влез или патување низ Швајцарија, соопшти владата.
Во соопштението се вели дека тие лица се одговорни за насилството и произволно апсење.
– Швајцарија е длабоко загрижена за моменталните тензии и е посветена на дијалогот меѓу Владата и граѓанскиот сектор – објави Владата.
Владата побара ослободување на лицата кои беа произволно приведени, како и истрага за наводите за тортура и лошо постапување за кои се одговорни припадници на безбедносните сили.