„Разболувањето од Ковид-19 треба да се сфати сериозно. Од една страна, од вкупниот број на дијагностицирани пред 14 дена умреле 3,50%. Од друга страна пак, од сите коишто влегле во болниците пред 14 дена (просечното време на болничко лекување) до денес умреле вртоглави 34,8%! Поточно, од сите дијагностицирани 9,3% стигнале до болница, а од тие коишто влегле во болница 34,8% (секој трет) починале“, пишува пишува на својот Фејсбук профил професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски.
„Затоа, за да избегнете влегување во болница, најсигурниот начин е – воопшто да не се разболите.
Во меѓувреме нашите здравствени власти ги прошируваат болничките капацитети (каде што ќе умира секој трет), наместо да го сопрат разболувањето, страдањето и умирањето. Ама ете, процениле дека лекувањето и умирањето биле поевтината варијанта. А народ како народ, им верува, па дури и се радува што не мора да се лишува од довчерашните хедонистички навики и мисли дека умирањето им се случува само на некои други.
Забелешка: treker.mk сите починати ги смета за починати во болнички услови, што малку ја поткрева стапката на болнички леталитет. Сепак, со оглед на малиот број на починати во вонболнички услови, стапката на болнички леталитет не е многу помала од погоре пресметаната. Во секој случај не е помала од 30%.
Од друга страна, ако стапката на леталитет ја пресметуваме како процент на починати од досега затворените случаи, таа би изнесувала неверојатни 39,9%!“, додава тој.