Снимен разговор меѓу „непријателите“ Ѓукановиќ и Абазовиќ: „Како оди кај вас, добро?“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Видеото објавено на социјалните мрежи го открива разговорот помеѓу Дритан Абазовиќ, вицепремиер на Црна Гора и Мило Ѓукановиќ, претседател на таа земја. Абазовиќ и Ѓукановиќ се состанаа на форумот „To be secure“ во Подгорица, за што сведочи и видеото објавено на ЈуТјуб.

На видеото се гледа како Ѓукановиќ го прашува Абазовиќ „Како оди“.

Абазовиќ му одговара: „Добро, работиме. Оваа недела беше едноставно … Трчавме малку, додека се навикнуваме“.

Ѓукановиќ вели дека „Според она што го видел, се очекувало да биде живо“.

– Секако дека треба да се направат многу работи, вели претседателот.

Абазовиќ му објаснува дека смета дека е „подобро отколку што очекувале“, се наведува во видеото објавено на каналот IN4S.

Слични содржини