Иако конечната одлука за постигнување договор меѓу ЕУ и Велика Британија за Брегзит требаше да биде донесена денес, преговорите ќе продолжат.
Претходно оваа недела, британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на Европската комисија објавија дека во недела ќе донесат одлука за тоа дали има цел да ги продолжат преговорите.
Би-Би-Си претходно објави обвинувања од извори блиски до британската влада дека условите поставени од ЕУ во преговорите се „неприфатливи“ за Велика Британија.
По разговорите со британскиот премиер Борис Џонсон, претседателот на Европската комисија, Урсуа фон дер Лајен, денес изјави дека преговорите меѓу Брисел и Лондон ќе продолжат.
„И покрај заморот по скоро една година разговори и покрај прекршувањето на сите рокови, заклучивме заедно дека во моментов е единствена одговорност да се продолжи“, рече Фон дер Лајен.