Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул е победник во трката за Големата награда на Абу Даби, и со тоа ја спушти завесата на овогодинешниот шампионат на најдобар можен начин.
Верстапен стигна до втората победа во сезоната на доминантен начин, без можност да го стигнат Валтери Ботас и ново-стариот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.
Одлична трка извозе и Александар Албон, тимски колега на Верстапен, а во топ 10 се најдоа и возачите на Мекларен, Ландо Норис и Карлос Сајнц, потоа Даниел Рикардо од Рено, Пјер Гасли од Алфа Таури, Естебан Окон во Рено ја минаа целта како деветти, а десеттото место му припадна на Ленс Строл.
Посебно внимание привлекува уште една очајна трка на Ферари, бидејќи Себастијан Фетел заврши на 14-то место по збогувањето од „црните коњчиња“, за едно место послабо од неговиот тимски колега, Шарл Леклер.