ДС: Македонија да не учествува во предизборната кампања во Бугарија

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Демократскиот сојуз смета дека политичарите од Република Бугарија водат предизборна кампања преку манифестирање на национализам против Македонија, Македонскиот народ и јазик. Партиите кои се со силна антимакедонска кампања, за жал, веќе го зголемија партискиот рејтинг, независно од штетата што ја направија помеѓу двете држави и народи.

„Секојдневно пласираат дезинформации и невистини, ја редефинираат историјата, образложуваат зошто Бугарија ставила вето на евроинтегративниот процес на Македонија и во суштина носителите на високи партиски и државни функции во Бугарија се натпреваруваат со тешки навреди спрема Македонскиот народ, а крајната цел е да добијат политички поени.

Ваквата предизбирна кампања и натаму ги труе и влошува односите помегу двете држави, но таа кампања е поефективна доколку сите тие национал-шовинистички изјави јавно ги коментираме.

Наш став е дека треба да ги оставиме тие самите да се гушат во национализамот и ниското ниво на комуникација. Фрлајќи кал по нас тие ќе заглават во истата.

Македонија е суверена држава, со своја автентична историја, народ и јазик.

Наместо да кукаме, ние треба како држава да подготвиме Акциски план за приоритетните реформи и имплементација на европските вредности и да се движиме по патот кон Европската Унија.

Потребни се реформи на судскиот систем, ефикасна борба против криминалот и се разбира справување со пандемијата и прилагодување на економијата во услови на тешка здравствена криза“, истакнуваат од партијата.