Николовски прогласи победа во Штип

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски на социјалните мрежи прогласи победа на предвремените избори за градоначалник на Штип за кандидатот на СДСМ – Сашко Николов.

Неофицијлано, потребниот цензус за успешноста на денешните избори за градоначалник е постигнат, но се уште нема таква потврда од Општинската изборна комисија.

Според последните официјални информации од ДИК, излезноста во Штип до 17 часот изнесуваше 29,01 проценти од вкупниот број гласачи.

Според изборниот штаб на СДСМ, постигнат е цензус на Предвремените локални избори, со излезност од над 14.000 гласачи, односно 34,05%.

За постигнување на цензус беше потребно да излезат 13.996 гласачи, запишани во Избирачкиот список.

Слични содржини