Хакери објавија домашно порно на позната олимпијка

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Ајлиш Меколган, одлична атлетичарка која ја претставуваше Велика Британија на Олимписките игри во Лондон и Рио де Жeанеиро, побара полициска помош откако хакерите ја украдоа и објавија нејзината домашна порнографска снимка.

Меколган и нејзиниот партнер Мајкл Ример, исто така врвен спортист, го зачувале видеото на „iCloud“, но хакери успеале да влезат во профилот.

– Парот е уништен. Двајцата се целосно повредени. И не само затоа што некој влезе во нивната интимност, туку и затоа што тој материјал го направи достапен за секого – изјави извор близок на спортистот.

Ајлиш Меколган е родена во Шкотска и го постигна својот најдобар резултат на Европското првенство во Берлин во 2018 година, кога освои сребрен медал на трката на пет илјади метри.

Ример може да се пофали со еден европски сребрен медал, освојувајќи го на ЕП 2010 во Барселона на 800 метри.

Слични содржини