Во овие 100 дена ни се случи нешто слично како 2009 година со ЕУ кога добивме вето од Грција како сега од Бугарија од она што се надеваа дека ќе им биде успех не се случи тоа беше нивна едноставна цел кон тоа што се стремеа другите нешта им беа забаровени. Владимир Божиновски политички аналитичар.
Во однос со ветото од Бугрија Божиновски, вели дека со договорот со Грција, Бугарија сфтила дека може сега да си го исполни својот сон.
-ЕУ и НАТО се пакет и одат заедно кога беше референдумот така и се гласаше. За овие работи и 2017 година многу луѓе говореа дека треба да се внимава на овој договор затоа што и ние не само што ги исполнивме ги надминавме и ги надградивме црвените линии на Грција. Ние моравме да имаме некоја задршка дека ќе имаме гаранција да не се појави трет кој ќе не блокира. Кога Бугарите видео дека Грците добија се што бараа тогаш предвидоа дека сега е моментот да се исполни нивниот сон за тоа што тие го бараат ако се прифати тоа тогаш ќе има целосно обезличување на македонската нација, вели Божиновски.