Груби нападнат пред Собрание, му ја искршиле шофершајбната на автомобилот

од Берта Китинска
259 прегледи

Претпладнево пред Собранието бил нападнат вицепремиерот Артан Груби.

Инцидентот се случил откако му била искршена шофершајбната на службениот автомобил кој тој го користи, потврдуваат од МВР за „Локално“.

-Денес околу 12,00 часот пред Собрание на РСМ од страна на В. Ј. (38) год. било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ Пасат  сопственост  на Влада на РСМ. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во ПС Центар. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.