Левица поднесе претставка: Уставниот суд да ја укине функцијата на Груби

од Берта Китинска
217 прегледи

Реџеп Исмаил – Хактан  од Левица, денеска соопшти дека неговата пратија поднела иницијатива, за функцијата на вицепремиерот Артан Груби

Во претставка до Уставниот суд  се бара оценување на уставноста и законитоста на подзаконски акт, односно Деловникот за работа на Владата на РМ, којшто СДСМ и ДУИ го променија во месец септември и со тоа противуставно воведоа нова и непостоечка државна функција – „Прв заменик на претседателот на Владата“, на којашто го поставија Артан Груби“.

„Со ваквите измени на Деловникот за работа на Владата, каде се предвидува оваа нова функција, власта ги пречекорува уставните ограничувања кои важат за владата, како извршна власт, и буквално со ваквото нејзино самоволие, таа врши еден вид централизација на целокупната власт во себе и покажува тенденција за доминација во сите сфери на општественото живеење, затоа што ова сериозно го нарушува принципот на тријалистичка поделба на власта – како темелна вредност на нашиот уставен поредок“, стои во соопштението објавено на Facebook страницата на партијата.