Канада ја започна кампањата за вакцинација против Ковид-19 со давање вакцини на здравствените работници во првите редови и со тоа стана третата земја во светот што ги користи вакцините „Фајзер и Бионтек“.
Првата доза на вакцината е дадена на Анита Киданген, работничка во Центарот Рекаи – непрофитен дом за стари лица во Торонто, најголемиот град во Канада. Здравствените работници во бели одела и со маски ѝ аплаудирале по вакцинацијата.
„Денес навистина направивме пресврт“, изјавил д-р Кевин Смит, претседател на Универзитетската здравствена мрежа, која управува со старечкиот дом, откако првото лице било вакцинирано. „Сакам да кажам дека тоа е доза што ќе се чуе низ целиот свет.
Повеќе од 60 проценти од смртните случаи, од вкупно 13.350 жртви на пандемија во Канада, се потврдени во домовите за стари лица.
Премиерот Џастин Трудо изјави дека првите вакцини ќе ги добијат здравствените работници во болниците и домовите за стари лица, како и оние кои живеат во далечните домородни резервати.