Американски режисер ја прими вакцината „Спутник V“: Не разбирам зошто Западот ја игнорира

од Nikola Popovski
282 прегледи

Американскиот режисер Оливер Стоун ја прими руската вакцина против Ковид=19 и изјави дека не им е јасно зошто ја игнорираат на Запад.

„Ја примив вакцината пред неколку дена. Сè уште не знам колку е ефикасна руската вакцина, но имам слушнато многу позитивни реакции. Ќе се вакцинирам уште еднаш, ќе треба повторно да дојдам за втората доза“, рече тој.

Познатиот режисер додал дека руската вакцина е корисна.

„Не разбирам зошто ја игнорираат на Запад, печатот едноставно молчи за сите информации“, изјави Стоун за рускиот „Прв канал“.

Претходно беше објавено дека трикратниот добитник на Оскар снима филм во нуклеарната централа Белојарск во регионот Свердловск.

Во август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на коронавирус, која беше развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции. Вакцината се базира на проучена и тестирана платформа на аденовирусни вектори кај луѓето, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.

Фондот за директни инвестиции на Русија објави денеска дека ефективноста на руската вакцина во тешки случаи на инфекција со коронавирус е дури 100 проценти.