„Возилото е искршено од страна на В.Ј. пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 Програмата. Не сме повремени ниту јас ниту некој од мојата придружба. Не ја познавам личноста, ниту ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот.
Ова го изјави првиот вицепремиер, Артан Груби за „360 степени“ во врска со денешниот инцидент пред Собранието.
Денеска околу 12 часот жена го искршила ветробранското стакло на владиниот автомобил во кој се возел Груби. МВР соопшти дека станува збор за 38-годишната В.Ј. која веднаш по инцидентот била приведена.