Македонец треба да плати сметка од 14.000 евра за помош на автопат во Словенија

од Nikola Popovski
293 прегледи

Македонски камионџија треба да плати 14 илјади евра откако минатата недела се излизгал на неисчистен автопат близу словенечкото гратче Тројане и го блокирал сообраќајот речиси шест часа, објави словенечкиот портал „Сиол“.

Критичната вечер камионот на Емса Шпед од Неготино се излизгал и ги затворил сите три ленти на автопатот, при што била дозволена да се користи за поминување само лентата за запирање.

Словенечките спасувачки служби четири часа работеле на исправување на камионот, а автопатот бил затворен речиси 5 часа и 40 минути.

Компанијата „Жонта“, ангажирана од ДАРС, словенечката државна компанија задолжена за одржување на автопатите, испратила фактура на неготинската компанија „Емса Шпед“, за влечење на камионот со специјално возило, пет часа работа со кран, транспорт на оштетени делови, лежарина, паркинг и слично.

Неготинската компанија ангажирала компанија од Целје да ги застапува, која смета дека „Жонта“ неправедно прикажала толку големи трошоци и испратила писмо и до македонската амбасада во Љубљана.

Од „Жонта“ за „Сиол“ изјавиле дека во тек се разговори преку адвокатите на македонската транспортна компанија за намалување на сумата.

Слични содржини