„Долу диктатура“: Нови протести во Тирана поради убиството на младото момче

од Nikola Popovski
286 прегледи

Денес, шести ден по ред, продолжија протестите во Тирана, поради убиството на 25-годишник кој го прекршил полицискиот час воведен поради пандемијата на коронавирус.

На протестот се собрале значително помал број луѓе вечерва, неколку стотици од нив, кои пешачеле од главниот плоштад во Тирана до седиштето на владата, пред која извикувале „Долу диктатура“.

Протестите избувнаа минатата среда откако полицијата го уби 25-годишниот Клаудијан Раша со огнено оружје ноќта помеѓу понеделник и вторник.

Демонстрантите се собираа деновиве, иако во Албанија е во сила забраната за групирање на повеќе луѓе поради епидемијата на коронавирус.

Протестите завршија со судир со полицијата.

Полицијата во неделата соопшти дека од почетокот на протестот, околу 300 лица се обвинети за организирање на неовластен протест за време на пандемијата на коронавирус и други прекршувања на законот.

Властите соопштија дека 26 полицајци и четворица демонстранти се повредени во протестите.

Слични содржини