Го мразам! Што, треба да кажам дека ми се допаѓа? Не, не ми се допаѓа. Секоја искрена жена ќе рече дека не е толку забавно”, рече 74-годишната Шер на прашањето за стареењето во интервју за „Гардијан“.
Поп-иконата се присети како таа настапувала и двапати во текот на една вечер, а после тоа излегувала и танцувала цела ноќ. Одморот сега ѝ е попосакувана опција и постои уште една причина зошто повеќе не сака да излегува надвор.
„Секој денес има камера и повеќе не е безбедно. Луѓето ве бркаат и не знаете дали ќе ве убијат или ќе ве фотографираат. Што и да е, не ми се допаѓа“, вели пејачката.
На прашањето дали естетската хирургија ѝ помогнала да ја продолжи кариерата, Шер вели дека никој не плаќа за да гледа во некого.
„Мора да испорачаш нешто“, вели таа, додавајќи дека нејзиниот глас звучи подобро од кога било.
„Покрај тоа, цел живот работам на одржување силно тело. Има 20-годишни девојки кои не можат да го сторат она што можам јас“, истакнува Шер.
Шер оваа година имаше распродадена резиденција во Лас Вегас, но настапите беа откажани поради пандемијата на коронавирус.
И покрај тоа, таа е зафатена повеќе од кога било. Снима нови песни, помага да се спасат слоновите и ја одбележа годината како политички и социјален активист.