Во изминатата недела, ЈП Паркинзи на општина Центар заедно со сообраќајната полиција, санкционирале вкупно 94 непрописно паркирани возила, односно такви кои го попречувале безбедното одвивање на сообраќајот, информираа од ЈП паркинзи на општина Центар.
Од таму додаваат дека остранувањето на возилата било извршено со „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ, од каде прво санкционирале 68 возила за непрописно паркирање, а поставувањето на „Блокатор“ биле санкционирани 26 возила кои не биле корисници односно резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, стои во соопштението од таму.