По денешната Владина седница на која беа усвоени новите рестриктивни мерки по предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство, Венко Филипче ги презентираше истите, а одвои дел од статистиката со Ковид кризата.
„Состојбата со Ковид е стабилна, иако и натаму има голем број на хоспитализирани и заразени лица. Слободни кревети има во континуитет, што значи дека делот на хоспитализацијата добро се менаџира. Иако R0 факторот е под нулата, тоа не смее да не опушти. Во однос на вакцините, подготовката се одвива со одлична динамика. Активни сме на 3 фронта, прво Ковакс системот преку кој набавивме во 833.000 дози. Во петокот разговаравме со грчкиот колега, па дел од првата количина ќе ни припадне и нам преку Грција, а третата опција е преку Европската канцеларија кај нас. Уште еднаш повторувам дека вакцините ќе бидат бесплатни за сите. Апелирам да не се паѓа на лажни вести, бидејќи вакцините се безбедни. Примарната цел е заштита на населението. Комисијата предложи нови мерки, а денес Владата ги прифати. Забрана за организирање новогодишните настани, за претстојните верски празници да нема групирање, а угостителските објекти како што е познато ќе работат до 18. часот. Апелираме и да не се излегува по 18 часот доколку не е неопходно“, посочи министерот за здравство Филипче.