Во рамки на прес конференцијата посветена на презентирање на новите рестриктивни мерки, претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски посочи дека предлзите се донесени по големи дискусии и расправи и смета дека се правилни и навремени, по двонеделното како што кажа, подобрување на состојбата со Ковид 19.
„Се расправаше за мерките, со оглед на распространоста на вирусот. Во однос на фамилијарна прослава во еден објект, ние не можеме да контролираме кој каде ќе ја прослави Нова Година. Не е добро да се групираат луѓе и целта е да се спречи истото. Ние како комисија бевме свесни дека за празниците дека може да се соберат повеќе луѓе, нешто налик мини свадба, која може потоа да прерасне во кластер“, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.