Додик: Џаферовиќ и Комшиќ со своето однесување ѝ нанесоа штета на БиХ

од Nikola Popovski
193 прегледи

Членовите на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, со тоа што не дошле на состанокот со шефот на дипломатијата на Руската Федерација, Сергеј Лавров, му нанеле штета на токму она за што формално се залагаат, а тоа е БиХ, која имала чест да ја посети еден од водечките светски дипломати, изјавил српскиот член на Претседателството, Милорад Додик.

Ваквото однесување на Џаферовиќ и Комшиќ го оценил како детско.

„Она што ќе ми требаше неколку часа да му објаснам на министерот за надворешни работи на Руската Федерација за БиХ, Комшиќ и Џаферовиќ го покажа со нивното не присуство на состанокот“, рекол Додик во изјава за „Срна“, пренесува „Танјуг“.

Тој изјавил дека „за сè што е можно двајцата членови на Претседателството да му се спротивстават на рускиот министер за надворешни работи, можеа да го сторат тоа директно, на територијата што ја сметаат за своја, но тие не се осмелија и избраа да се справат со својата нетолеранција кон Руската Федерација со наводни аргументи, што се друго име за дипломатски скандал“.

„Сергеј Лавров многу добро знае дека Република Српска има свои официјални обележја кои ги користи врз основа на уставот и законот.Зошто министерот Лавров би проблематизирал нешто што е основа во Дејтонскиот мировен договор, за чие почитување се залага Руската Федерација и врз основа на кое постои и БиХ“, прашал Додик.