На границата со Србија: Македонка криела скоро половина килограм злато во градникот

од Nikola Popovski
412 прегледи

Во саботата, српските цариници во соработка со полицијата заплениле над 400 грама златен накит на преминот Прешево, кој една патничка го криела во градникот.

Прекршокот е откриен кога автомобил „Нисан“ со германски регистарски ознаки, во кој имало брачен пар со македонско државјанство, пристигнал на ред за контрола околу 14:30 часот, се вели во соопштението на Царинската управа.

На прашањето дали имаат што да пријават, тие одговориле дека носат само личен багаж и дозволена сума пари.

Во просторијата за лични претреси, во градникот што го носела 49-годишната патничка биле пронајдени неколку кеси со златни ѓердани, нараквици, прстени, обетки и брошеви, со вкупна тежина од 425 грама, чија вредност се проценува на повеќе од 1,2 милиони динари.

Бидејќи станува збор за странски државјанин, надлежниот суд донела решение по итна постапка за трајно одземање на златен накит, а патникот е казнет за сторен прекршок.

Слични содржини