Вакцинацијата во Хрватска најверојатно ќе започне на 4 јануари

од Nikola Popovski
162 прегледи

Хрватскиот епидемиолог Горанка Петровиќ изјави дека вакцините против Ковид-19 ќе дојдат во Хрватска на почетокот на јануари и дека вакцинацијата најверојатно ќе започне на 4 јануари.

Таа посочила дека вакцините ќе бидат дистрибуирани до сите окружни институти за јавно здравје, и оттаму ќе бидат испратени до таму каде вакцинацијата е приоритет.

Се наведува дека тоа се домовите за стари лица и изнемоштени, здравствените установи, болниците и одделенија та, кои работат со ковид-пациенти, изјавила Петровиќ, пренесува Индекс.

Слични содржини