Таа беше најмладата милијардерка во светот, а сега е на врвот на Форбс листата на најбогати!
Додека светот се бори со вирусот корона, многу индустрии пропаднаа, но не и продажбата на козметика и разни помагала за убавина. Од тоа профитираше и Кајли Џенер, која од страна на престижниот магазин „Форбс“ беше прогласена за најбогата sвезда во 2020 година.
Најмладата од кланот Кардашијан заработи дури 600 милиони долари, што ја става на прво место. И не само тоа!
Може да ги „изеде“ следните пет на оваа позната листа, затоа што заработи повеќе од сите заедно. Тоа ги вклучува второпласираниот Кание Вест, кој заработи 140 милиони, Роџер Федерер со плата од 106,3 милиони, Кристијано Роналдо кој собра 105 и Лионел Меси со плата од 104 милиони во 2020 година. Кајли ја завршува годината спектакуларно како што ја започна.
Во тоа време, таа најпрво беше прогласена за најмладиот милијардер во светот кој заработил сопствени пари (што ги исклучува богатите наследници од конкуренцијата), но магазинот „Форбс“ многу брзо го демантираше сопствениот избор бидејќи наводно добил погрешни податоци за заработката.
Сега, очигледно, нема сомнеж. а Кајли тогаш изјави „има многу поважни работи од парите“. Има, нели?