Болсонаро е меѓу последните светски лидери кои му ја честитаа изборната победа на Бајден

од Nikola Popovski
180 прегледи

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро му ја честитал победата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на изборите на 3 ноември. Неговите честитки доаѓаат еден ден откако Изборниот колеџ ги потврди гласовите што Бајден ги освои на изборите.

Болсонаро е меѓу последните светски лидери кои му ја честитаа победата на Бајден. Претходно истото го стори и рускиот претседател Владимир Путин.

Болсонаро, кој во неколку наврати изјави дека е фан на претседателот во заминување Доналд Трамп, изрази подготвеност за соработка со новиот претседател на САД. Тој претходно изрази загриженост за наводната широко распространета изборна измама, без да наведе докази.

„Поздрав до претседателот Бајден, со мои најдобри желби и надеж дека САД ќе останат „земја на слободните и дом на храбрите“, се вели во изјавата на Болсонаро, која ја објави Министерството за надворешни работи на земјата.

Во интервју за бразилската ТВ Банд, Болсонаро соопптил дека сега кога Изборниот колеџ ги потврди гласовите, тој повеќе нема да разговара за изборите.

Болсонаро исто така рекол дека ќе биде „подготвен“ да работи со Бајден за разни прашања, вклучително и трговијата.

Изборниот колеџ во понеделникот го потврди изборот на Џо Бајден за следен претседател на САД.

Слични содржини