По повод, Денот на човековите права, денес Институтот за човекови права организира конференција која се однесува на проектот „Човекови права за сите“.
Именоо овој проект е поддржан од ЕУ и Градот Скопје, а на конференцијата ќе биде направена промоција на значењето на пристапот кој се заснва на човековите права, Методологиите за пристап засновен на човекови права, Извештајот за истите од 2020. година, како и бесплатната правна помош, односно пристап до истата за граѓаните на С.Македонија.
Во рамки на оваа конференција, говорници ќе бидат Маргарита Цаца Николовска – претседателка на Институтот за
човекови права, Фросина Тасевска – државен секретар во Министерство за правда и Агнес Таибл од Институтот Лудвиг Болтцман, како и учесниците во проектот Томислав Ортаковски, Мартина Смилевска Кчева и Оливер Алексов.