ВМРО-ДПМНЕ се појавија со транспаренти, па го напуштија Собранието за време на обраќањето на Пендаровски

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Обраќањето на претседателот Стево Пендаровски во Собранието денеска беше пропратено со перформанс од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои во своите раце држеа разни пораки на транспаренти, а потоа го напуштија собранието.

„Идентитетот се продава, Стево Молчи“, „Заев: Стево е неискусен политичар“, „Претседател со купени гласови“, „Стево слуга на Заев“, „Не е мој претседател“ беа само дел од транспарентите кои ги држеа во раце пратениците од опозицијата.