Холштајн за ДВ: Формулацијата за „погрешното толкување на историјата“ ќе важи и за Бугарија

од Берта Китинска
426 прегледи

„Главната причина за усвојувањето на овие заклучоци е давањето сигнал за веродостојноста на перспективата за проширување. Заклучоците се однесуваат на шесте земји во регионот на Западниот Балкан и затоа е важно што тие беа усвоени за да се покаже дека проширувањето продолжува“, вели Германската амбасадорка Анке Холштајн за Дојче Веле.

Најмногу недоумици во јавноста предизвика членот 8 од заклучоците кој ја содржи следната формулација:

„Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за Пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекори би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата”.

Оваа реченица во врска со имплементацијата на договорите со Бугарија и Грција е идентична со онаа која веќе беше наведена во заклучоците на Советот за проширувањето во 2018 година, објаснува Холштајн.

„Формулацијата не е нова и веќе беше во употреба од 2018 година. Таа е еднакво валидна за Бугарија, Грција и Северна Македонија. Оттука, таа може да биде основа за продолжување на заедничката работа. За нас како претседавачи беше важно да ги усвоиме овие заклучоци за да покажеме дека сите земји-членки се посветени на проширувањето“, вели германската амбасадорка.

Слични содржини