Новиот претседател на Соединетите Американски држави, Џо Бајден, ќе ја редефинира американската политика на санкции, зголемувајќи го притисокот врз некои земји, истовремено олеснувајќи ги за други, објави Ројтерс повикувајќи се на неколку извори за кои се вели дека биле „запознаени со неговите размислувања“.
„Тоа нема да биде повлекување или туркање напред. Тоа ќе биде прилагодување на употребата на санкциите“, изјави извор на Ројтерс близок до тимот за транзиција.
Преглед на политиката за санкции се очекува да се случи кратко време по инаугурацијата на 20 јануари, а Адевале Адејемо, кандидат на Бајден за заменик секретар на Министерството за финансии, треба да го предводи повторното проценување. Адејемо на почетокот на овој месец објави дека САД ќе продолжат да ги користат санкциите широко „за да ги повикаат лошите актер на одговарност“
Меѓу субјектите за кои се вели дека добијат олеснувања се претставници на Меѓународниот кривичен суд, кој беше санкциониран од Белата куќа на Трамп во септември поради истрагата за можните американски воени злосторства во Авганистан.
Во меѓувреме, Русија се очекува да биде погодена од дополнителни санкции, а Бајден, најверојатно, ќе ги следи стапките на Велика Британија и ЕУ по случајот Навални. Наводното руско мешање во изборните кампањи, сајбер нападите и летните извештаи за руски „парични бонуси“ за убиства на американски војници во Авганистан се исто така потенцијални причини поради кои може да се воведе дополнително ембарго за Москва.
Бајден се очекува да ги прошири санкциите против Кина, сподели лице блиско до преодниот тим, со нови ограничувања за Пекинг поради Хонг Конг, ујгурите во Ксинџијанг и „евентуално поради Тибет“.
Северна Кореја може да се соочи и со построги санкции откако Трамп, кој успеа да воспостави лична врска со Ким Јонг Ун, ја напушти Белата куќа и беше заменет со Бајден, кој го нарече севернокорејскиот лидер „силеџија“, „тиранин“ и „касап“ и го критикуваше Трамп за преговорите за денуклеаризација во Кореја.
Иран се очекува да биде „дилема“ за Бајден, а според Ројтерс се верува дека пристапот на земјата до хуманитарна помош ќе се подобри, како прв чекор кон намалување на тензиите.
Исто така беше речено дека тимот на Бајден е загрижен за прекумерната употреба на санкциите од страна на администрацијата на Трамп, особено ако ги охрабруваат земјите под притисок да создадат алтернативи за да ги заобиколат финансиските мрежи во кои доминираат САД.
Администрацијата на Трамп од 2017 година воведе околу 3.800 санкции, околу 40 проценти повеќе отколку што тоа го стори Обама во неговиот втор мандат. Критичарите на ваквиот вид политика тврдат дека таа не функционира, па затоа водачите на погодените земји го засилија своето спротивставување на Соединетите држави.
Америка драматично ја прошири употребата на санкции во 20 век, особено за време на Студената војна. Во моментов се воспоставени широки ограничувања за Куба, Сирија, Иран, Мјанмар, Северна Кореја и Судан, како и за руски, белоруски, кинески и венецуелски официјални лица, субјекти, бизниси и поединци „кои придонесуваат за конфликт или дестабилизација“ во земји како Јемен. Сомалија, ДР Конго, Централна Африка Република, Брегот на Слоновата Коска и Јужен Судан.