Првиот човек на институтот Преспа, Андреа Стојковски, во своето гостување во Студио 10, потенцираше што ова вето значи и каде земјава можеби погреши во преговорите со Бугарија.
„Очекувањата ни беа големи, изгоревме во желбата да се почне првата Меѓувладина конференција. Луѓето очекуваа дека Германија е највлијателна, и дека на крајот ќе бидеме пријатно изнанеди. Меркел и Рот ако се сеќавате на почетокот зборуваа дека ќе се случи до крајот на оваа календарска година првата Меѓувладина конференција со С.Македонија и Албанија. Под претседателство на Португалија не знаеме ЕУ колку ќе биде посветена на процесот на проширување. Додека конечните заклучоци не ги видам, нема да можам да носам вредносен суд. Но вака поставени работите, не ме прават среќен. Ние можеме да се обидеме да правиме притисоци кон Бугарија, но нивната позиција е различна. Во Македонија поддршката за членство е на високо ниво“, истакна Стојковски.