248
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ќе биде вакциниран против коронавирусот штом ќе биде возможно за неговата возрасна група, оценувајќи дека вакцината Спутник V е „добра и безбедна“.
„Ги слушам препораките на нашите експерти и затоа, засега, како што препорачуваат експертите, не го сторив тоа, но апсолутно ќе го сторам тоа штом ќе биде возможно“, рече Путин (68) на годишната прес-конференција што се одржа на Интернет поради пандемијата.
Путин рече дека руската вакцина е „безбедна и ефикасна“ со ниво на заштита од 96 до 97 проценти и дека очекува дека Русија ќе има „милиони дози вакцини“ до крајот на следната година.