Богоевски: ВМРО украде кампања која Демократите ја користеа во САД против Трамп

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Врв на глупоста е што вмро денес против Пендаровски украде кампања која Демократите ја користеа во САД против Трамп. Изгуглајте #NotMyPresident и видете сами. Кај и да е, очекувам да излезат со маички #вмроLivesMatter, пишува поранешниот пратеник Павле Богоевски на својот Фејсбук профил.

„Затоа драги мои, оваа карикатура од партија е една обична шега која одамна не е смешна“, додава тој.

Обраќањето на претседателот Стево Пендаровски во Собранието вчера беше пропратено со перформанс од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои во своите раце држеа разни пораки на транспаренти, а потоа го напуштија Собранието.

„Идентитетот се продава, Стево Молчи“, „Заев: Стево е неискусен политичар“, „Претседател со купени гласови“, „Стево слуга на Заев“, „Не е мој претседател“ беа само дел од транспарентите кои ги држеа во раце пратениците од опозицијата.

Слични содржини