Белчева: Ако институциите постојат за да го штитат јавниот интерес, редно е да покажат на дело.

од Vladimir Zorba
476 прегледи

На денешната седница на Совет ќе предложам Советот на Општина Центар да донесе нова одлука за суспензија според новиот закон за Урбанистичко планирање, член 23 (6) кој гласи: „Донесувачот на планот, одлуката за суспензија ја донесува врз основа на стручен елаборат за суспензија на применувањето на урбанистичкиот план, негови делови или плански одредби, изработен од комисијата за урбанизам од членот 38 од овој закон“, вели советничката во оваа општина, Јана Белчева Андреевска.

„Стручен елаборат на комисијата по сите планови кои се под мораториум постои. Министерство за транспорт и врски нема пречки да не го поддржи.

Ако институциите постојат за да ги штитат јавниот интерес и јавното добро, и за да обезбедат баланс и рамномерен одржлив развој, редно е да покажат на дело. Исто како што се заштитија од неконтролирано градење Охрид, Струга и Дебарца со одлуките од Министерство за култура.

Го повикувам и министерот задолжен за одржлив развој да даде поддршка Љупчо Николовски“, посочува таа.

Слични содржини