Германија собори рекорди: За првпат имаат повеќе од 30.000 нови случаи на инфекција

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Германија собори рекорди на заразени со коронавирус. Така, денеска имаат повеќе од 30.000 позитивни случаи. Институтот „Роберт Кох“ првично објави дека имале 26.923 заразени, но од технички причини не биле сметани уште 3.500 заразени.

Така, за прв пат од почетокот на пандемијата, повеќе од 30.000 лица се заразени.

Фактот дека европската земја има ист број на заразени лица како Индија доволно зборува за лошата епидемиолошка состојба во Германија. Во Индија, според официјалните податоци објавени во средата, евидентирани се 26.355 нови случаи на инфекција со коронавирус, додека истовремено во Германија, бројот на новоинфицирани се зголемил за 27.728.

Со цел да се намали бројот на заразени лица, Германија воведе нови мерки според кои ќе го продолжи делумното затворање за борба против коронавирусот до крајот на годината, при што некои мерки ќе бидат олабавени за време на Божиќ.

 

Слични содржини