239
Тетовскиот универзитет му додели титула почесен доктор на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денешниот чин го оцени како правилна одлука.
„Првиот вицепремиер им честита на ректорот, Сенатот, академскиот кадар, студентите и на сите оние што се жртвуваа со децении за подигање на храмот на знаењето, за чествувањето на г. Али Ахмети со заслужената титула доктор хонорис кауза затоа што со честа кон него тие прават чест за сите други заслужни личности“, соопштија од Кабинетот на Груби.