Филмска приказна за мајка која фаќала членови на картел кои ја убиле нејзината ќерка

од Nikola Popovski
214 прегледи

Една мајка од Мексико три години трагала по убијците на својата ќерка за да им се одмазди. Миријам Родригез не се откажала да побара одговор откако исчезнала нејзината 20-годишна ќерка Карен Алехандра Салинас Родригез. Тие ја киднапирале и барале пари од нејзината мајка за да ја ослободат.

Карен никогаш не се вратила кај нејзината мајка, а тогаш во 2014 година нејзиното тело е пронајдено во напуштен ранч во Мексико.

Њујорк тајмс ја објави нејзината невеорјатна приказна за тоа како се впуштила во опасна мисија да ја одмазди ќерката. Почнала истрага за тоа кој е виновен и одговорен за смртта на ќерка ѝ.

На почетокот на својата мисија дошла до еден член на бандата и го молела да ја пуштат. Но, тој ѝ рекол дека картелот не ја држи нејзината черка, но се понудил за помош во потрагата, па за тоа ѝ барал пари. Миријам платила, а потоа во текот на разговорот слушнала за некој човек по име Сама.

На социјалните мрежи го нашла човекот и видела дека работи во во продавница за сладолед, па со недели го чекала пред продавницата додоека тој не се појавил. Миријам (56) го следела до неговата куќа и се преправала дека е државен изборен службеник за да дознае повеќе за него од неговите соседи.

Потоа тргнала во потрага по други вмешани во убиството на нејзината ќерка, заради што го сменила и изгледот, се правела дека е некој друг, имала лажни лични карти, носела пиштол…

Сето тоа го направила за да му се приближи на картелот Зета, а отишла толку далеку што се нашла со членови на нивните семејства за да дојде до бараните адреси.

Успеала да најде еден маж и се сретнала со него во уличка, каде му ставила пиштол на чело и му се заканувала дека ќе го убие ако мрдне.

Иако некои членови на кртелот во меѓувреме се откажале од криминалните дејствија и почнале нормален живот, МИријам сите со ред ги запишувала, а нивните имиња г дала на полицијата. Успеала полицијата да ја доведе до десетмина членови на картелот Зета.

Но, еден ден платила висока цена за тоа. На Денот на мајката во 2017 година убиена е пред нејзиниот дом со 12 куршуми. Ја застрелал еден од момците за кој мислела дека има врска со убиството на ќерка..

На крајот постхумно е наградена со бронзена плакета на градот Сан Фернандо, а со својата мисија инспирирала многумина.

Слични содржини