Нема да има трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ, освен ако Унијата значително не го промени својот став, објавија денес од Кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон.
За време на разговорот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, Џонсон рече дека останува многу малку време и дека сè укажува на тоа дека нема да се постигне договор доколку позицијата на ЕУ не се промени значително.
„Премиерот истакна дека, доколку не се постигне договор, Велика Британија и ЕУ ќе разделат како пријатели и дека трговијата ќе се спроведува како со Австралија“, се вели во соопштението.
Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари, но оттогаш е во преоден период, за време на кој прописите во трговскиот, патничкиот и деловниот сектор останаа непроменети.
Од крајот на годината, Брисел ќе се однесува кон Британија како трета земја.