Близок соработник на Бајден позитивен на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
411 прегледи

Близок соработник на Џозеф Бајден бил позитивен на тест за коронавирус и ќе оди во карантин, изјави синоќа портпаролот на избраниот претседател на САД, изјавувајќи дека Бајден не се смета за контакт.

Седрик Ричмонд, назначен за советник во Белата куќа, ги имаше првите симптоми во средата и направи брз тест на коронавирусот, кој беше позитивен. Вториот тест направен вчера ја потврди дијагнозата, рече Кејт Бедингфилд.

Бајден исто така беше тестиран на ковид-19 вчера и тестот беше негативен, рече таа во изјавата.

Советникот присуствуваше на состанок со Бајден во Атланта, Џорџија во вторникот, но немаше поблизок контакт со него, рече таа, додавајќи дека тој не патувал со Бајден и дека нивните контакти биле на отворено, со маски и траеле помалку од 15 минути.

Слични содржини