Новинарка од „Њујорк Тајмс“ потрошила 10 биткоини на суши вечера

од Stefanija Kuzmanovska
402 прегледи

Во 2013 година, Кашмир Хил, новинарка на „Њујорк Тајмс, одлучила да направи експеримент и да живее само од биткоини една недела. За тоа време, таа потрошила десет „монети“ со кои платила сметка од 1.000 долари, а оваа сума на крипто-валута потрошена денес би вредела 230.000 американски долари.

Во тоа време Биткоинот постоеше само четири години и за него беа заинтересирани скоро само „манијаците од технологија“. Затоа Кашмир реши да ја тестира вредноста на биткоинот во реалниот свет, со тестирање како би изгледал животот ако плаќате за сè исклучиво со оваа криптовалута.

Хил купила неколку биткоини, од кои секој вредеше 126 долари, во надеж дека ќе може да најде место каде што ќе може да ги потроши своите нови пари.

Иако живееше во Сан Франциско, центарот на технолошки стартапи и компании, опциите за трошење биткоини беа повеќе од ограничени. Колку малку места имало каде примаат биткоини, најдобро покажува фактот дека Хил изгубила скоро три килограми за време на експериментот, бидејќи не можела да купи храна ниту да плати за превоз никаде. Исто така, таа цело време копнееше за кафе, бидејќи ниту едно кафуле не прифаќало биткоини.

Таа одлучила да го прослави последниот ден од експериментот организирајќи вечера за 15 странци во суши ресторан, еден од ретките кои примале токени. Таа ги поканила луѓето преку социјалните мрежи и дури 60 луѓе одговориле, опишувајќи ја како шарена група.

Сметката за вечера била 957 долари, а таа ја платила со 10 биткоини.

– Во тоа време, се чувствував виновна што на сопственикот на ресторанот му дадов 1.000 долари во биткоини, бидејќи во тоа време сè уште беше нејасно дали вредеа нешто – вели таа.

Денес, седум години подоцна, оваа количина биткоин би вредела 230.000 долари, што значи дека, по денешниот курс, таа платила толку многу за вечера во ресторан.

Сопственикот на ресторанот и неговата сопруга веќе не се занимаваат со бизнис со храна, делумно затоа што поседуваат 41 биткоин или 902 000 долари, колку што вреди денес.

Слични содржини