Швајцарскиот парламент денес усвои закон со кој се поддржуваат истополови бракови, неколку години откако другите западноевропски земји го дозволија тоа.
Сепак, граѓаните на Швајцарија ќе го кажат последниот збор, бидејќи Федералната демократска унија (УДФ), мала партија што ги брани христијанските вредности, веќе објави дека ќе организира референдум.
Граѓанскиот брак за сите досега беше усвоен од двата дома на парламентот по неколку години од постапката, а првичниот нацрт беше поднесен во 2013 година од Зелената либерална група.
Усвоениот текст им овозможува на хомосексуалците и лезбејките да стапат во брак, а лезбејките ќе можат да земаат сперма од донатори, што беше една од најконтроверзните точки.
Досега хомосексуалните парови можеа да склучат „регистрирани партнерства“ што не им ги даваа истите права како бракот.
„Ова е историска победа за правата на ЛГБТИК заедницата“, напиша Амнести Швајцарија на Твитер.