Шведска има рекордни 9.654 нови случаи на Ковид-19, уште 100 лица починаа

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Шведска, која е во центарот на вниманието поради својата лесна, анти-пандемиска стратегија, во петокот забележа рекордни 9.654 нови случаи на коронавирус, покажаа статистичките податоци на здравствената агенција.

Тоа е зголемување на бројот во споредба со четвртокот кога имаше рекордни 8.881 новозаразени.

Во Шведска се пријавени нови 100 смртни случаи или вкупно 7.993 од почетокот на кризата.

Стапката на смртност во Шведска е неколку пати поголема од нејзините скандинавски соседи, но пониска од неколку европски земји кои се одлучија за затворање.

Претходно неделава, шведска владина комисија заклучи дека земјата во голема мера не успеала да го заштити старото население во домовите за стари и изнемоштени лица, но исто така и во други институции.

Шведска „потфрли“ во одговорот на пандемијата на коронавирус, изјави во четвртокот кралот Карл Шеснаесетти Густаф.

„Мислам дека не успеавме. Имаме голем број смртни случаи и тоа е страшно“, рече кралот во документарецот за кралското семејство чиј клип беше прикажан на јавната телевизија СВТ.

Слични содржини