Маските за лице кои штитат од коронавирус ќе бидат задолжителни во јавниот превоз, најави премиерот на Шведска.
Ова е значаен пресврт кој се спротивставува на методите на водечкиот шведски епидемиолог и експерт за вируси Андерс Тегнел.
Стефан Ловен го најави овој потег денес на прес-конференција, откако ги заостри ограничувањата и мерките во Шведска пред празниците.
Тој воведе купување преку Интернет, учење на далечина, забрана за продажба на алкохол по 20 часот и ограничувања на собири надвор од куќата.
Одлуката за задолжителни маски во јавниот превоз е донесена еден ден откако кралот Карл XVI Густаф јавно го критикуваше епидемиологот Тегнел, велејќи дека стратегијата за коронавирус во земјата „доживела неуспех“ и дека луѓето „страшно страдале“ поради тоа.